Среда, 17 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Освоен џекпот од 473 милиони евра

Ливче продадено во Њу Хемпшир освоило добитна комбинација од шест броеви и награда од 570 милиони долари (473.807.584,25 евра) на американска лотарија.

Добитната комбинација која е извлечена во сабота навечер за седмиот најголем џекпот во историјата на лотаријата е 12, 29, 30, 33, 61 и 26, пренесува АП.

Добитникот на наградата има право да избере дали ќе ги прими парите на годишно ниво во наредните 30 години или ќе го подигне износот одеднаш.

Наградата е освоена следниот ден откако во Флорида е извлечен 10-от нахголем џекпот од 450 милионо долари на лотаријата „Мега милион“.