Среда, 17 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


57-годишниот Хју Грант ќе стане татко по петти пат

Хју Грант и неговата сакана Ана Еберштајн очекуваат бебе. Ова ќе биде нивно трето дете, а веста ја потврди мајката на 39-годишната актерка.

„Пресреќна сум што повторно ќе станам баба. Наскоро е крајниот термин,“ изјавила таа.

Хју и Ана веќе имаат две деца, петгодишниот син и двегодишната ќерка. Британецот има уште две други деца од претходната врска со Тинглан Хонг, вработена во еден кинески ресторан во Лондон, со која ја доби ќерката Табита Грант во 2011 година и синот Феликс во 2013 година. Тоа е периодот на краткиот прекин на врската со Ана, со која кратко подоцна се смириле.

Актерот никогаш не застанал пред олтарот, а пред неговото прево дте велел дека и улогата на татко не е за него, но очигледно 57 годишниот актер го променил мислењето.

„Лууѓето биле во право кога велеле дека децата го менуваат животот. Топло го препорачувам. Направете неколку“, рекол Грант.

Хју Грант и Ана Еберштајн се појавија заедно на црвениот тепих на церемонијата на доделувањето на Златен глобус.