Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Погледнете како изгледа Џоли-Пит резиденцијата во Прованса

Мирните крајбрежја на француската ривиера поседуваат посебна привлечност за познатите. На овој шарм не одолеал ниту најпознатиот филмски пар – Бред Пит и Анџелина Џоли. Тие го купиле имотот Миравал кој се простира на 1.200 хектари земјиште во Прованса, во малото село Брињол.

Во рамките на овој имот се наоѓа замокот Миравал со 35 соби, кој е класифициран како историски споменик и поседува лозје, езеро, шума и 20 фонтани.

Претходен сопственик на имотот бил џез музичарот Жак Лусие, кој во замокот направил студио за снимање во кое снимале Стинг, Пинк Флојд и многу други познати музичари.

Во 2012 година Бред и Анџелина го прошириле Миравал купувајќи го имотот покрај него кој му припаѓал на поранешниот сопственик на Формула 1, Жерар Ларус.

Можеби ќе се запрашате зошто парот би го проширувал и онака огромниот имот додавајќи му уште еден импресивен замок и хектари, хектари шума? Причината е едноставна – поради приватност.

Тоа била последната парцела околу Миравал која парот не ја поседувал и со нејзиното купување Џоли-Пит целосно ги обезбедиле границите околу имотот – сега само нивното семејство има пристап до Миравал.

Во рамките на имотот се наоѓаат и базени на отворено и затворено, посебни теретани за неа и него, огромна сала за банкети.