Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Груевски: Да не се подлегнува на провокациите од оние кои не и сакаат добро на Македонија

На синоќешната трибина одржана пред жителите на општина Аеродром, премиерот Никола Груевски им порача на граѓаните да не подлегнуваат на атмосферата која некој друг сака да ја создаде и на провокациите на оние кои не и посакуваат добро на Македонија.

 

Тој истакна дека не треба да се прогласуваат за виновни цели етникуми.

„Ако убијците се Македонци не може да се виновни сите Македонци, а ако се Албанци не значи дека се виновни сите Албанци....Тоа го посакуваат тие што не и сакаат добро на Македонија. Треба да одговара тој што го сторил тоа затоа што вакви монструми се појавуваат во многу држави“, рече Груевски.

Груевски посочи и на високата професионалност на МВР во посветеноста за пронаоѓањето на сторителите на петкратното убиство и дека верува оти ќе успеат да ги пронајдат, но дека мора да им се даде време.

„Забележав дека многу поединци и политичари се обидуваат од ова да направат шпекулации и поголем немир меѓу граѓаните и меѓуетнички тензии и судири. Ќе дојде време, цврсто верувам во тоа, кога ќе се најдат убијците и независно кои се и каде етнички припаѓаат ќе одговараат пред законот и ќе зажалат за тоа што го направиле“, истакна премиерот.

Груевски упати апел до граѓаните меѓусебно да не се расправаме, делиме и пресметуваме.