Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Југословенско знаме на натпреварите на бившите ЈУ републики на СП во ракомет

Бившите република на СФРЈ играат со знамето на некогашната држава. На натпреварот помеѓу Црна Гора и Франција во групата А на трибините беше поставено југословенското знаме.

Многумина сега ќе помислат, па што сега? Но, истото знаме се појави и на натпреварот меѓу Словенија и Јужна Кореја во понеделник.

Balkan-Handball.com тврди дека „југословенската тробојка со петокрака кружи низ Шпанија и се појавува само кога играат репрезентациите настанати со распадот на бившата република“, а секако, се поставува прашањето и кој стои позади тоа.

Знамето во првите две кола им донесе среќа речиси на сите репрезентации од земјите на бивша Југославија – Македонија, Србија, Хрватска и Словенија забележаа по две победи, единствено Црногорците останаа без бод.